Мечот траеше два часа и 21 минута, а заврши во три сета со резултат 6:3, 4:6, 6:3.
Не само што беше поразен Алкараз, туку остави и лоша слика со своето однесување на централниот терен на комплексот „Канада опен“.
Младиот Шпанец не успеа да ги контролира емоциите на крајот од првиот загубен сет, кога го фрли рекетот кон својата клупа, а интересно не беше ниту предупреден за таквиот гест.
Подоцна ја шутираше топката, но се раздвижи и успеа да го добие вториот сет со 6:4 и да ја зголеми надежта за пресврт.
No code violations for boy wonder. 🤔pic.twitter.com/aqZqgW6B25
— Pavvy G (@pavyg) August 12, 2023
Сепак, не дојде до тоа, бидејќи Томи Пол беше одличен во третиот сет и ја заврши работата со три гема во низа, а закажа и дуел против Алекс Де Минор.
Алкараз и покрај поразот освои нови бодови и од понеделник ќе има 600 бодови повеќе од второпласираниот Новак
Ѓоковиќ.
И двајцата ќе играат следната недела на Мастерсот во Синсинати, а потоа и на УС Опен, кој започнува на 28 август во Њујорк.
Во полуфиналето на Торонто, Јаник Синер исто така во три сета го елиминира Гаел Монфис со 6:4, 4:6, 6:3.