Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Од:

Карлос Алкараз е новиот шампион на турнирот во Пекинг.

Шпанецот, кој од понеделник повторно ќе биде на второто место на светската листа, по 200 минути игра славеше со 6:7 (6), 6:4, 7:6 (3).

Така го доби третиот меч сезонава против светскиот рекет број еден и стигна до својата четврта титула сезонава, подобрувајќи го резултатот против Италијанецот на 6:4.

Претходно беше најдобар во Индијан Велс, Ролан Гарос и Вимблдон.

Беше одличен и неизвесен натпревар, на крајот Алкараз имаше повеќе сила и нерви и со тоа стигна до голем триумф.

Би можело да ве интересира

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата

Сензација во Шангај: „Летечкиот Џордан“ го исчисти Алкараз

ВИДЕО: Инцидент во Шангај – Димитров нападна навивач

Медведев беше пред елиминација – пресврт по три часа борба