Алкараз лесно го совлада Медведев

Од:

Шпанскиот тенисер го совлада Русинот Данил Медведев со 7:5, 6:3 во полуфиналето на турнирот во Пекинг по 86 минути игра.

Така, тенисерот од Мурсија, кој по турнирот ќе се врати на второто место на светската листа, од почетокот на сезоната направи хет-трик на победи против Медведев.

Го победи во финалето на Индијан Велс, потоа во полуфиналето на Вимблдон, а сега и во полуфиналето во Пекинг.

Во првиот сет, по 2:2 имаше четири последователни брејка.

Сепак, Алкараз успеа уште еднаш да го скрши отпорот на петтиот светски играч во 11. гем и потоа сервираше за 7:5.

Во вториот сет Алкараз направи брејк во петтиот гем и поведе со 3:2.

При резултат 5:3, Медведев успеа да спаси три меч топки, од кои две со одлични сервиси, но со двојна грешка му даде и четврта шанса на противникот.

Тоа го искористи Алкараз и стигна до својата шеста победа во осумте меча со рускиот тенисер.

Младиот тенисер до финалето стигна без загубен сет, а во мечот за трофејот ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Жунчаокете Бу и Јаник Синер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Инцидент во Шангај – Димитров нападна навивач

Рекордни 13.400 учесници на скопските улици: Заврши јубилејното 20-то издание на Виз Ер Скопски маратон Inbox

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Медведев беше пред елиминација – пресврт по три часа борба

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Голем пресврт на аферата што го потресе европскиот фудбал: Пол Погба се враќа во март

Предраг Петровиќ