Чилеанскиот репрезентативец Артуро Видал од денеска и официјално е нов член на Баерн Минхен, потврди германскиот фудбалски шампион.
Од неговиот трансфер досегашниот клуб на Видал, Јувентус ќе заработи 40 милиони евра.
Видал потпиша петгодишен договор со Баварците кои во него гледаат замена за Бастијан Швајнштајгер кој замина во Манчестер.
Се очекува во текот на денот Видал да има медиумска презентација во новата средина.
Видал во Бундеслигата се враќа по пауза од четири години. Тој од 2007 до 2011 година играше за Баер Леверкузен.