Видал го менува Швајнштајгер во Баерн Минхен

Од:

Чилеанскиот репрезентативец и член на Јувентус, Артуро Видал ќе го пополни испразнетото место во Баерн Минхен по заминувањето на Бастијан Швајнштајгер во Манчестер Јунајтед, објавија германските медиуми.

Тренерот на Баварците Пеп Гвардиола дал согласност чилеанскиот фудбалер да биде доведен во Минхен.

Се шпекулира дека управата на германскиот шампион е подготвена на Јувентус да му исплати 30 милиони евра за овој трансфер. Од друга страна, италијанскиот првак бара 40 милион евра, па се очекува да биде постигнат договор со попуштање од двете страни.

Интерес за Видал покажуваа уште и Реал Мадрид, и Арсенал.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска