Верона освои бод против Милан

Од:

Фудбалерите на Верона со голот во судиското надополнување на вториот дел синоќа изборија нерешен резултат 2:2 на гостувањето кај Милан.

Поранешниот првак на Италија не го почна натпреварот добро бидејќи гостите преку Лука Тони во 18.минута поведоа со 1:0 од пенал. Но, повторно со удар од белата точка Милан изедначи преку Жереми Менез во 41.минута. На почетокот на вториот дел Панајотис Таучидис со автогол донесе водство за Милан, а конечните 2:2 ги постави Николас Лопез во 90+5 минута. Со овој нерешен резултат Милан е на 10 место, а Верона е 13-та.

На вториот дуел одигран вчера Сампдорија го победи Каљари со 2:0.

Денеска се играат натпреварите: Чезена – Палермо, Киево – Рома, Емполи – Џенова, Парма – Атланта, Удинезе – Торино и Наполи – Интер, додека утре ќе играат: Лацио – Емполи и Јувентус – Сасуоло.

Табела: Јувентус 58 бодови, Рома 49, Наполи 45, Лацио 43, Фиорентина 42, Сампдорија 42,…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска