Вердер му врачи денеска отказ на тренерот Флоријан Кохвелт и за негов наследник го назначи Томас Шаф, ден по поразот од Аугсбург (0:2) со кој тимот од Бремен се најде во зоната за испаѓање на едно коло до крајот на сезоната во Бундеслигата.
– Постои консензус дека во вакви околности тренерската смена беше неопходна со цел да избегнеме испаѓање, изјави спортскиот директор на Вердер, Франк Бауман.
Вердер под водство на Кохфелт освои само бод на последните девет натпревари и на едно коло до крајот на сезоната е на 16 место, со бод повеќе од последнопласираниот Келн и бод помалку од Арминија Билефилд место погоре на табелата.