Вердер подобар од Хановер

Од:

Победа со 2:0 забележа екипата на Вердер синоќа во Бремен против гостинот Хановер во првиот натпревар од  20.коло на Германското фудбалско првенство.

Стрелец на двата гола беше Нилс Петерсен во финишот од средбата (85. и 88.минута).

Со оваа победа Вердер има 26 бодови или само еден помалку од синоќешниот противник.

Денеска ќе се одигра првиот од двата дерби натпревари во ова коло. Во Мајнц, истоимениот тим за кој настапува македонскиот репрезентативец Николче Новески, го пречекува лидерот на табелата Баерн Минхен.

Средбата ќе започне од 15 часот и 30 минути, термин во кој ќе стартуваат и натпреварите: Волфсбург – Аугсбург, Шалке – Гројтер Фурт, Хофенхајм – Фрајбург и Фортуна Дизелдорф – Штутгарт, додека натпреварот Хамбургер – Ајнтрахт ќе започне од 18 часот и 30 минути.

За утре се предвидени натпреварите Нирнберг – Борусија Менхенгладбах и вториот дерби дуел во кој второпласираниот Баер Леверкузен ќе биде домаќин на шампионот Борусија Дортмунд.

Табела: Баерн Минхен 48 бодови, Баер Леверкузен 37, Борусија Дортмунд 36, Ајнтрахт 33, Мајнц 30, Шалке 29, Борусија Менхенгладбах 29,…

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска