Фудбалерите на Вердер не успеаја да ја забележат првата сезонска победа во Бундес лигата, откако синоќа пред своите навивачи во Бремен загубија од Келн со 1:0.
Главен „виновник“ за петтиот пораз на Вердер беше Ентони Ујах кој погоди во 59.минута и на Келн му ја донесе третата победа.
Шест натпревари од 9. коло на Германското фудбалско првенство се играат денес: Борусија Дортмунд – Хановер, Аугсбург – Фрајбург, Хофенхајм – Падерборн, Херта – Хамбургер, Ајнтрахт Франкфурт – Штутгарт и Баер Леверкузен – Шалке.
Деветтото бундеслигашко коло ќе се комплетира утре со средбите Волфсбург – Мајнц и Борусија Менхенгладбах – Баерн Минхен.
Табела: Баерн Минхен 20 бодови, Борусија Менхегладбах 16, Хофенхајм 14, Мајнц 14, Волфсбург 14.