Фудбалерот на ПСЖ Марко Верати изјави дека пред почетокот на сезоната сериозно размислувал да замине во друг клуб.
– Прв пат после пет години престој во Пари Сен Жермен се запрашав дали треба да останам овде. Доколку заминев клубот кој ќе ме ангажираше ќе платеше 100 милиони евра, а јас би заработувал многу повеќе. Нејмар би можел да заработува исто така повеќе ако отидеше во Манчестер Сити или Челзи. Сепак тој дојде току поради проектот, а не за повеќе пари. Истото е и со мене, истакна Верати.
Во текот на летото постоеја многу шпекулации дека Италијанецот ќе замине во Барселона, но тоа не се случи и тој остана во ПСЖ.