Вентура: Очигледно дека поразот од Шпанија делуваше психолошки врз нас

Од:

Репрезентацијата на Италија одигра нерешно пред своите навивачи синоќа со Македонија (1:1), што на крајот од натпреварот наиде на свирежи од домашната публика.

За нерешениот резултат селекторот на „азурите“ Џампјеро Вентура изјави дека натпреварот го играле без неколку играчи, што се покажало како клучно.

– Очигледно дека поразот во Шпанија (дуел одигран во септември) делуваше психолошки врз нас. Се надевам дека на плеј-оф натпреварите ќе бидеме комплетни и нема да имаме повредени играчи. Мислам дека навивачите не треба да бидат бесни, одигравме позитивно прво, но недоволно добро второ полувреме, па целата оценка за денешниот натпревар не е воопшто позитивна, рече Вентура.

Италија последниот натпревар од групата го игра в понеделник на гости против Албанија во Скадар.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он