Венгер: Поразот беше тежок удар!

Од:

Поразот од Тотенхем за Арсенал беше тежок за поднесување, го призна тоа и Арсен Венгер.

По вчерашниот загубен меч на гости, Венгер очајно се обидува да ја пронајде формата на својот тим.

„Ова е тежок пораз за нас, најмногу поради напорот кој го вложивме. Самите си ја отежнавме работата. Тие немаа удар кон голот, а веќе губевме со 2:0. Се вративме во второто полувреме, но тоа не беше доволно. Тешко беше да се воспостави ритам кога имаше толку многу прекини“ – изјави Венгер.

Сепак тој ги негираше тврдењата дека Тотенхем е подобра екипа во последните неколку средби.

„Не стекнав таков впечаток на натпреварот. Не бевме ефективни во одредени зони, ниту во нападот, ниту во одбраната. Не бевме доволно внимателни. Во двата случаи кога тие ги постигнаа головите, поставивме многу лоша офсајд замка“ – заклучи Французинот.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска