Венгер: Не знам дали Велбек го одглуми пеналот

Од:

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер беше задоволен од победата со 3:1 остварена над Милан во реваншот од осминафиналето во Лига Европа. Тој ги пофали своите играчи кои се вратија по водството на противникот со 1:0.

За тоа помогна и спорниот пенал досуден врз Дани Велбек во 37. минута, со кој резултатот беше изедначен. Венгер изјави дека не ја видел добро ситуацијата и не знае дали неговиот фудбалер симулирал.

– Задоволен сум од реакцијата на тимот п примениот гол. Не сакам да го обвинувам Велбек за симулација пред да видам повторно што се случи. Игравме далеку подобро по слабите ни резултати во последно време. Тоа беше тежок натпревар, но конечно победивме. Делувавме добро во одбраната, но генерално нашиот тим сака повеќе да напаѓа и тогаш е тешко за нас кога треба да се заштитиме, рече Венгер.

Тој во четвртфиналето посака да го избегне Атлетико Мадрид.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска