Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека ќе продолжи со ротација на играчите и на вечерашниот меч од Лига Европа против Црвена Звезда.
– Немам причина да се менувам, двете екипи добро работат, дури и на тренинг има цврстина и конкурентност. Задоволен сум со нашите настапи во сите натпреварувања. Против Црвена Звезда нема да играат Санчез, Лаказет и Озил, а шанса ќе добијат Тео Волкот, Џек Вилшир и Оливие Жиру. Сите играчи заслужуваат да играат, конкуренцијата е добра и одиме на победа за да обезбедиме пласман во вториот круг, изјави Венгер на конференцијата за медиумите во Лондон.
Првиот меч во Белград заврши со минимална победа на Арсенал со 1-0, благодарение на голот на Жиру на пет минути пред крајот.