Венгер добива отворени раце да го доведе Фалкао

Од:

Арсен Венгер потврди дека клубот ја менува трансфер политиката, откако управата на Арсенал во текот на летото му обезбедила 80 милиони фунти за трошење. Арсенал од 2005 година е без трофеј, а откако беа поразени во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите од Баерн Минхен со 3:1 на „Емирати“ на Венгер ќе му биде доделен голем буџет за засилувања. Францускиот стратег вели дека прв „пик“ ќе биде напаѓачот на Атлетико Мадрид, Радамел Фалкао за кој ќе понудат 40 милиони фунти.

„Сега ќе можеме да си го дозволиме Фалкао. Доколку најдеме играч кој е од врвен квалитет, ќе го купиме и него. Сепак мислам дека не сме толку далеку од нивото на Баерн Минхен, како што наведуваат луѓето. Можеме да се натпреваруваме со секој тим. Со Џек Вилшер и Санти Казорла имаме многу силна техничка основа, но мора да бидеме повеќе ефикасни“ – изјави Венгер.

„Никогаш не сум размислувал да фрлам пешкир и да се откажам. Сакам да победувам, па поради тоа ќе продолжам. Имам договор со Арсенал до 2014 година и секако дека ќе бидам тука до тогаш. Во 2014 ќе одлучам што ќе биде најдобро за мојата иднина“ – заврши Венгер.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска