Репрезентацијата на Велс ја совлада Турција во второто коло од групата А на Европското фудбалско првенство и речиси сигурно се пласира во осминафиналето.
Со триумфот над Турција со 2:0 попладнево, Велс се искачи на првото место на табелата со четири бода, Италија која вечерва го игра својот натпревар е втора со три, нејзиниот противник Швајцарија има еден бод.
Со поразот претрпен во Баку, кој го гледаше и претседателот Реџеп Таип Ердоган, Турција ги загуби шансите за нокаут фазата откако го доживеа и вториот пораз.
Водството за Велс го донесе Арон Ремзи во 42 минута, по асистенцијата на Герет Бејл. Конечниот резултат го постави Конор Робертс во финишот од натпреварот, а повторно во улога на асистент беше Бејл, кој можеше да биде трагичар откако промаши пенал направен врз него во 61. минута