Екипите во кои настапуваат македонски интернационалци во Европа и успешно ги минаа дуелите од третото коло од квалификациите од Лига Европа денеска во Нион ги добија противниците за баражите од ова натпреварување.
Сараево на Крсте Веловски ќе игра против бундеслигашот Борусија Менхенгладбах, додека Адис Јаховиќ со Риека за противник ја има екипата на Шериф од Молдавија.
Во бараж дуелите од Лига Европа ќе играат: Сараево – Борусија Менхенгладбах, Риека – Шериф, Астана – Виљареал, Цволе – Спарта Прага, Астерас – Макаби Тел Авив, Днипро – Хајдук, Карабах – Твенте, Хелсинки – Рапид Виена, Зимбру – ПАОК, Омонија – Динамо Москва, Олимпик Лион – Астра, Нефчи – Партизан, Елфсборг – Рио Аве, Карабукспор – Сент Етиен, Панатинаикос – Митјиланд, Грасхоперс – Бриж, Аполон – Локомотив Москва, Јанг Бојс – Дебрецин, Спартак Трнава – Цирих, АЕЛ Лимасол – Тотенхем, Динамо Минск – Национал, Петролул – Динамо Загреб, Трабзон – Ростов, Сплит – Торино, Актобе – Легија, Локерен – Хал, Рух – Металист Харков, ПСВ Ајндховен – Шахтјор Солигорск, Стјарнан – Интер, Феенорд – Зорја и Реал Сосиедад – Краснодар.
Првите натпревари ќе се играат на 21. август, а реваншите на 28. август.