Важна победа за фудбалерите на Шалке

Од:

Фудбалерите на Шалке остварија многу важна победа во обидот да го освојат 4. место кое обезбедува учество во квалификациите на Лигата на шампионите. Тие синоќа во првиот дуел од 32.коло на гостински терен ја совладаа Борусија Менхенгладбах со 1:0.

Жилиан Дрекслер во 82. минута беше стрелец на победничкиот гол за гостите од Гелзенкирхен кој на крајот од месецов ќе одиграат пријателски натпревар со Вардар во Скопје.

Во овој круг од Бундес лигата денеска ќе се сретнат новиот шампион Баерн Минхен и сеуште актуелниот Борусија Дортмунд, екипи кои на 25 мај во Лондон, ќе се борат за титулата во Лигата на шампионите.

Двојки за другите денешни средби: Штутгарт – Гројтер Фурт, Хановер – Мајнц, Вердер – Хофенхајм, Нирнберг – Баер Леверкузен и Ајнтрахт Франкфурт – Фортуна Дизледорф.

Утре вообичаено ќе се играат два натпревара: Фрајбург – Аугсбург и Хамбургер – Волфсбург.

Табела: Баерн Минхен 84 бодови, Борусија Дортмунд 64, Баер Леверкузен 56, Шалке52, Ајнтрахт 46, Фрајбург 45, Борусија Менхенгладбах 44, Хамбургер 44,..

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска