Вавринка во осминафиналето на Австралија опен

Од:

Швајцарецот Станислас Вавринка без загубен сет обезбеди пласман во осминафиналето на првиот Грен слем тениски турнир годинава, Отвореното првенство на Австралија (АО).

Бранителот на трофејот Вавринка доминираше во дуелот со Финецот Јарко Ниеминен кого го совлада во три сета со 6:4, 6:2 и 6:4, во меч кој траеше помалку од два часа.

Во осминафиналето Вавринка за противник ќе го има Шпанецот Гиљермо Гарсија Лопез кој со речиси идентичен резултат 6:2, 6:4 и 6:4, го победи Вешек Посписил од Канада.

На останатите мечеви од 3.коло кои досега завршија, Канаѓанецот Раонич го победи Бекер од Германија со 3:0 по сетови 6:4, 6:3 и 6:3, а 12-носител Фелисијано Лопез од Шпанија беше подобар од Јанович од Чешка со 3:0 (7:6, 6:4 и 7:6).

На Јапонецот Кеи Нишикори кој е петти носител на АО, му беа потребни четири сета против Американецот Џонсон кој го доби првиот сет до 7:6, а во останатите три јапонскиот тенисер доминираше и ги реши во своја полза со 6:1, 6:2 и 6:3.

Во тек се последните три меча од 3.коло, а во нив играат: (1-носител) Новак Џоковиќ – (13) Фернандо Вердаско, (9) Давид Ферер – (18) Жил Симон и (19) Џон Иснер – Жилс Милер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На местото каде што го апсеа, на Ѓоковиќ му приредија нешто што ќе памети

Ана Ололовска

Ѓоковиќ по десетти пат е крал на Мелбурн

Ана Ололовска

Надал поразен во второто коло на Австралија Опен

Ана Ололовска

Ѓоковиќ пристигна во Австралија, но визата му е одбиена

Ана Ололовска

Австралиските власти бараат докази од Ѓоковиќ за медицинската потврда

Ана Ололовска

Ѓоковиќ доби медицинска потврда за ослободување од вакцина и полета кон Австралија

Ана Ололовска