Вашингтон и Портланд обезбедија плеј оф

Од:

Кошаркарите на Вашингтон и на Портланд по ноќешните натпревари имаат обезбедено пласман во плеј офот од НБА лигата.

Портланд оствари победа над Феникс, додека Вашингтон не може да биде стигнат од ниту еден друг тим од „Исток“. Вкупно 10 екипи досега имаат обезбедено разигрување, по пет од двете конференции.

Играчот на Торонто Демар Дерозан беше најдобриот играч на вечерва откако во триумфот на неговата екипа над Хјустон реализираше за него рекордни во кариерата 42 поена со 11 скокови.

Резултати на ноќешните дуели: Шарлот – Бостон 116:104, Филаделфија – Лос Анџелес Лејкерс 111:113 (продолжение), Атланта – Милвоки 101:88, Торонто – Хјустон 99:96, Мемфис – Сакраменто 97:83, Минесота – Јута 84:104 и Портланд – Феникс 109:86.

Пласман Источна конференција: Атланта 56-18 (победи-порази), Кливленд 48-27, Чикаго 45-29, Торонто 44-30, Вашингтон 41-33, Милвоки 36-38, Мајами 34-39, Бостон 33-41, Бруклин 32-40, Индијана 32-41, Шарлот 31-42,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 60-13, Мемфис 51-24, Хјустон 50-24, Портланд 48-25, ЛА Клиперс 49-25, Сан Антонио 47-26, Далас 45-29, Оклахома Сити 42-32,…

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа