Норвежанецот Карстен Вархолм го собори светскиот рекорд на 400 метри со пречки на Олимпијадата во Токио.
Вархолм утрово победи во финалната трка со време 45,94 секунди. Тој го собори сопствениот светски рекорд поставен на 1 јули 2021 година кога истрча 46,70 секунди.
Пред тоа, рекордот цели 29 години му припаѓаше на Американецот Кевин Јанг (46,78).
Двократниот светски шампион, Вархолм го освои првото олимписко злато во кариерата.