Вардар во некомплетен состав стартуваше со подготовките

Од:

Екипата на Вардар утрово го одржа првиот тренинг во новата година, означувајќи почеток на подготовките пред да продолжат натпреварите во Лигата на шампионите.
Сепак, бидејќи е термин за репрезентации и за Светското првенство во Катар, тренерот Раул Гонзалес има на располагање само осум ракометари, од кои двајца се повредени.

– Утрово Алексеј Растворцев и Арпад Штербик не работеа со тимот, иако и останатите имаа само полесен тренинг. Тука се Алем Тоскиќ, Добривоје Марковиќ, Владимир Петриќ, Матјаж Брумен и Стефан Терзиќ и со нив Раул Гонзалес ќе работи додека не почнат да се враќаат момците од Катар, соопштија од македонскиот вицепрвак.

Вардар на Мундијалот во Катар има десет свои ракометари во дресовите на Македонија, на Шпанија, на Русија и на Хрватска.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП