Вардар стартува против Барселона во Лигата на шампионите

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар по три сезони пауза повторно е дел од најсилното ракометно натпреварување Лигата на шампионите.

Распоредот сакаше „црвно-црните“ на стартот да бидат домаќини на европскиот вицепрвак Барселона во чии редови настапува капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров. Во пресрет на утрешниот дуел денеска беше одржана и прес-конференција.

zoran-kastratovic

– Барселона е врвна екипа со голема традиција.

– На квалитетниот состав кој го имаа лани донесоа уште две големи имиња како Кирил Лазаров и Никола Карабатиќ.

– Наша основна задача ќе биде да имаме цврста одбрана и да бидеме дисциплинирани во нападот и секако да дадеме 100% и да пружиме достоен отпор.

– Очекувам и публиката да биде наш осми играч,  истакна тренерот на Вардар, Зоран Кастратовиќ.

Капитенот Филип Лазаров ќе настапи против неговиот брат Кирил. Ова нема да биде нивни прв дуел бидејќи имаат одиграно натпревари во унгарската лига.

– Барселона е квалитетен тим. Ние нема што да загубиме на овој натпревар, но мора да се потрудиме да ја играме нашата игра и да го дадеме максимумот, изјави Филип Лазаров.

На денешнта прес-конференција беше промовиран и новиот голман повратник во клубот и репрезентативец Петар Ангелов.

Дуелот Вардар – Барселонасе игра  во СЦ „Борис Трајковски“ почнува во 18:15 часот, а според информациите од клубот влезниците за натпреварот веќе се распродадени.

Вториот македонски претставник во групата Ц Металург натпреварот од првото коло го игра во Берн против швајцарскиот првак Вакер Тун истотака утре со почеток вво 16.30 часот.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП