Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Од:

Македонскиот вицешампион Вардар е првиот финалист на ракометниот турнир „Струга 2014“, откако вечерва ја совлада екипата на Металопластика од Србија со 29:26 (15: 13).

Македонскиот тим во текот на целиот натпревар имаше предност од 3-4 голови, а најголемата од 5 гола ја направи во 40-тата минута (22:17) и на крај сосема заслужено славеше со 29:26. Металопластика утре ќе игра во 17 часот и 30 мнути во борба за петтото место.

За најдобар играч и стрелец во редовите на Вардар беше прогласен Матјаж Брумен, со постигнати пет гола, додека во поразениот тим за најдобар беше прогласен голманот Дарко Арсиќ.

Вардар вчера убедливо ја победи екипата на Санкт Петербург.

Во тек е натпреварот меѓу македонскиот шампион Металург и полскиот Азоти Пулави, што во директен дуел решава кој ќе му се спротистави на Вардар во финалето на Струшкиот турнир. На Металург му е потребна победа од 5 или повеќе голови разлика, додека на Полјаците им одговара и пораз до 4 голови.

Утре се завршните натпревари на турнирот. Натпреварот за 5 место е во 17:30, за 3 место се игра во 19:15 и финалето закажано за 21 часот.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП