Вардар против Розенборг завршува со настапите во Лига Европа

Од:

Екипата на Вардар вечерва на Арена „Филип Втори“ против Розенборг ќе го одигра последниот натпревар од своето прво учество во фудбалската Лига на Европа.

Вардар во претходните пет кола запиша исто толку порази, па се надева дека на средбата со норвешкиот претставник ќе успеа да дојде барем до првиот бод.

И за Розенборг овој дуел ќе биде последен на евро-сцената оваа сезона, но и двете екипи најавуваат атак на трите бода, без оглед што средбата нема резултатско значење од аспект пласман во следната фаза.

Вардар ќе настапи без Ховханес Хамбарџумјан кој што има жолти картони, а Владица Брдаровски одамна не е во комбинација поради повреда.Тренерот Чедомир Јаневски најави извесни „рокади“ во составот.

Почетокот на натпреварот е во 21 часот и 5 минути.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска