Вардар против Кристијанштад за заокружување на успешната година во ЛШ

Од:

Европскиот првак Вардар в сабота против шведски Кристијанштад го игра последниот дуел од 2017 година во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ посакуваат со победа пред своите навивачи да ја заокружат 2017 година која е повеќе од успешна за македонскиот првак.

– Навидум лесен натпревар, но тоа мора да се потврди на терен. Ќе треба добро да одиграме за да ја оправдаме фаворитската улога и со триумф да ја завршиме годината во Лигата на шампионите, изјави Стојанче Стоилов на денешната прес-конференција.

И тренерот Раул Гонзалес посакува со нови два бода да се потврди првото место во групата, но ги предупреди своите избраници да не го потценуваат противникот.

– Очекувам да биде потешко отколку на гостувањето во Шведска. Тие имаат искусни ракометари играат брза игра. Нивниот контра-напад е силно оружје. Тоа го покажаа и на дуелот со Пик Сегед. Што се однесува до здравствениот билтен, неизвесен е настапот на Хорхе Македа, додека утре ќе знаеме и за Мораеш дали ќе биде во составот.

Натпреварот Вардар – Кристијанштад е закажан за 2 декември 2017 година во СЦ „Јане Сандански” со почеток во 17:30 часот.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски