Ракометарите на Вардар вечерва ги очекува натпревар кој може да им донесе пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите за прв пат во историјата на клубот.
На првиот дуел во Германија, македонскиот првак победи со 26:24 и реваншот ќе го почне со два гола предност.
Покрај победата од првиот дуел во четвртфиналето, вардарци во реваншот ќе ја имаат и предноста на домашен терен која носи поддршка од трибините која се очекува да биде голема со оглед на продадените билети за целата сала и големиот интерес кој владе за овој меч.
Натпреварот Вардар – Флензбург ќе се игра вечер од 19 часот во СЦ „Јане Снаднски“ во Скопје.
Поради големиот интерес меѓу фанови на „црвено-црните“ и неможноста сите да присуствуваат во салата, средбата ќе се пренесува и на видео бим кој ќе се наоѓа во фан зоната на платото пред салата.
Фан зоната ќе работи од 17 часот и ќе биде отворена за дружба и за забава и за време на натпреварот.
Во пресрет на натпреварот предвидени се и посебни безбедносни мерки, како во салата, така и во просторот околу неа.
Во 15 часот ќе се затворат двата булевара кои водат до СЦ „Јане Сандански”, а затворен ќе биде и паркингот околу салата.