Вардар пресилен за Рајн Некар

Од:

Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар синоќа во Мајнхајм против германскиот претставник Рајн Некар – Левен го одиграа еден од најдобрите натпревари во Лигата на шампионите и на убедлив начин стигна до победата од 35:28.

Вардар имаше реализација од 70%, но и одлична игра во одбраната. По само девет минути игра беше 5:1, со погодоците на Терзиќ, Тоскиќ, Дибиров и Горбок. Првиот ол домаќините го постигнаа дури по осум минути игра. Рајн Некар на двапати дојде до негатива од два гола во првите 30 минути и тоа при резултат 5:3 и 8:6. Но, во продолжение вардарци со серијата од 4:0, со трите гола на Карачиќ и еден на Дибиров стигнаа до највисоките шет гола предност.

Доминацијата не застана тука, па во последната минута од првиот дел, со погодокот на Дибиров, нашата екипа стигна и до позитива од осум гола, при резултат 19:11. Сепак, домаќините до одморот ја намалија негативата на седум гола, 20:13. Карачиќ беше незапирлив во првиот дел, постигнувајќи седум гола.

Во вториот дел продолжи доминантната игра на избраниците на Раул Гонзалес, а тоа резултираше со зголемување на предноста. По рамноправната игра во првите пет минути од второто полувреме, следуваше серија од 5:0, за Вардар, благодарение на одличниот Штербик, како и ефикасноста на Душебаев, Тоскиќ, Шишкарев и Карачиќ. Во 39. минута вардарци стигнаа до највисоките плус 11, при резултат 27:16.

Во тие моменти веќе беше познат победникот на овој меч, иако Германците се обидуваа да се вратат во игра, посебно кога стигнаа до негатива од шест гола, а имаа и напад да дојдат до минус пет. Тоа не им годозволи Штербик, кој мечот го заврши со единаесет успешни интервенции, најголем дел од нив во клучните моменти од натпреварот.

Ова е седма победа за нашата екипа во групната фаза од елитното натпреврување, што воедно а е најдобар резултат на македонскиот шампион во оваа фаза, во историјата на клубот.

Игор Карачиќ беше најефикасен во нашиот тим со осум гола, додека Тимур Дибиров постигна шест. Сергеј Горбок и Алекс Душебаев упатија по четири прецизни удари.

Ова беше дуел кој одлучуваше за втората позиција на табелата во Ц груптата. Црвено-црните на жрепката во вторник за осминафиналето ќе очекуваат условно полесен противник (третопласиран тим од групата А, Б или Д) и реваншот ќе го играат на домашен терен.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ