Ракометарите на Вардар по втор пат во својата историја ќе играат во финалето на Лигата на шампионите. Вардарци вечерва во Келн ја победија Барселона со 29:27.
Противник на македонскиот шампион утре во финалето ќе биде Веспрем.
До големиот подвиг Вардар дојде по подобра игра во второто полувреме кое го доби со 20:11.
Ретко кој очекуваше дека по водството на Каталонците на полувремото со седум голови разлика (16:9), дека македонскиот тим може да се врати, но така не мислеа избраниците на Роберто Парондо.
Тие со неверојатен пресврт им приредија голема радост на своите навивачи во арената во Келн и воопшто секаде низ светот.
Голманот Дејан Милосављев со своите 15 одбрани во првото полувреме го одржуваше Вардар на едноцифрена негатива, а во второто продолжи во ист стил за голема сензационална победа.
Во нападот Кристопанс со 10, Карачиќ со пет гола и останатите беа многу порасположени во вторите 30 минути.
За деветкратниот европски шампион Барселона ова е втор пораз од Вардар во последните три години на „фајнал фор“ турнирите во елитната лига.