Македонскиот ракометен првак Вардар ќе игра во завршницата на ракометната Лига на шампиони откако вечерва на гостувањето кај Пик Сегед ја одбрани предноста од осум гола од првиот меч во Скопје пред десет дена.
Избраниците на тренерот Роберто Парондо одиграа храбро против грубите домаќини и сосема заслужено одат во Келн и покрај поразот од 29:25.
Унгарскиот претставник веќе по првото полувреме ја анулира негативата од Скопје (17:9), но вардарци со одлична игра во второто полувреме стигна до уште еден „фајнал фор“.
Како клучна се покажа играта на „црвено-црните“ во периодот од 40. – 50.минута кога направија серија од шест постигнати погодоци без примен гол.
Покрај Вардар, за трофејот во Келн ќе се борат Барселона, Киелце, и Веспрем.