Вардар и Пино спогодбено се разделија

Од:

Француската ракометарка Алисон Пино повеќе не е член на македонскиот ракометен првак  Вардар.

– Двете страни се договорија за предвремено раскинување на договорот кој имаше важност до 2016 година. Управата на Вардар и благодари на Пино за залагањето додека беше член на нашиот клуб и и посакува побрзо заздравување од операцијата на коленото, како и успех во натамошната кариера, стои во соопштението од ЖРК Вардар.

Пино игра на позицијата лев бек, а сезонава не настапи на ниту  еден натпревар во Лигата на шампионите, бидејќи пред почетокот на сезоната замина операција на коленото. 

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП