Во 14. коло од домашната лига, шампионот Струга Трим Лум му го нанесе првиот пораз на Работнички оваа сезона, победувајќи со 1-0 и симнувајќи го од врвот на табелата. Победничкиот гол за стружани го постигна напаѓачот Ланре Кехинде во 34. минута.
Шкендија оствари победа од 4-3 во возбудлив натпревар против Брера. Шала го отвори резултатот, а Флорент Рамадани зголеми на 2-0 во 28. минута. Брера се врати во игра со гол на Марјан Ристовски во 44. минута, а Ѓорѓе Ивковиќ израмни во 51. минута. Фитон Адеми ја врати предноста на Шкендија во 53. минута, а Ване Крстевски постигна четврти гол за тимот. Брера успеа да постигне и трет погодок, но не и да избегне пораз.
Во скопското дерби, Вардар го победи Шкупи со 3-2 во дебито на новиот тренер Гоце Седлоски. Јумеми Канда го доведе Шкупи во водство, но Горан Закариќ израмни, а Николовски им донесе водство на Вардар. Ибиши повторно израмни за Шкупи, но Дарко Мицевски во 83. минута постигна гол за триумф на Вардар.
Гостивар ја совлада Воска Спорт со убедливи 4-0 со головите на Алдаир, Диата и Марко Симоновски кој беше двоен стрелец.
Силекс славеше со 1-0 против Пелистер со голот на Дарко Додев во 12.минута.
Тиквеш и Беса одиграа нерешено без голови.
ПРВА ЛИГА, 14.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ 1-0
ШКЕНДИЈА – БРЕРА 4-3
ГОСТИВАР – ВОСКА СПОРТ 4-0
ВАРДАР – ШКУПИ 3-2
СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР 1-0
ТИКВЕШ – БЕСА 0-0