Македонскиот фудбалски шампион Вардар вечер од 19 часот на Националната Арена „Филип Втори“ го пречекува Реал Сосиедад во натпревар од третото коло во Лигата на Европа.
Иако шпанскиот состав е голем фаворит, црвено-црните ќе се обидат да го изненадат силниот противник и да ги запишат првите бодови во второто по квалитет клупско континентално натпреварување.
Освен Дарко Велковски, Владица Брдаровски и Висар Муслиу, сите играчи кои се на списокот за Лигата на Европа вчеравечер го одработија последниот тренинг и подготвени одат на мегдан со Сосиедад.
Во првите две кола, Вардар два пати беше поразен (Зенит и Розенборг), додека Реал Сосиедад има една победа (Розенборг) и еден пораз (Зенит).