УЕФА треба да одлучи за дисквалификацијата на ФК Стеауа од европските натпреварувања поради финансиски скандали, и веќе се навестува кој ќе биде следниот чекор на раководството на Стеауа и романската федерација.
Најавија дека и да бида исклучена Стеауа тогаш Романија сепак ќе има претставник во ЛШ во името на второпласираниот тим на Пандури кој сега треба да игра во второто квалификациско коло од Европа купот против победникот од дуелот Бала Таун-Левадија Талин. Првите мечеви се играат на 18. јули.
Но од Стеауа велат дека не е можно Пандури да ги замени во лигата на шампионите бидејќи одлуката што ќе ја објави УЕФА денеска не е конечна туку дека имаат право на жалба до Комисијата за жалби во УЕФА и потоа на судот за арбитража во Лозана, што значи временскиот теснец за „прекоманда“ на Пандури ќе биде само два-три дена што значи дека исклучувањето на Стеауа би можело да значи и директен пласман на Вардар во третото коло.
Можеби сите овие правни лекови на Стеауа се најнезгодни за нашиот шампион кој ќе мора да се подготвува во исчекување на дефинитивниот статус на романскиот тим во фудбалска европа и евентуалните алтернативи.