Ван Перси против својот Арсенал

Од:

Робин Ван Перси денеска ќе игра против својот поранешен тим, тимот во кој ги забележа неговите најголеми успеси во својата клубска кариера.

Алекс Фергусон веќе ги одмори најдобрите првотимци за ова големо дерби од Англиската Премиер Лига.

Ван Перси ќе го предводи нападот на Манчестер Јунајтед против тимот во кој беше капитен, сигурно ќе има навреди и свирежи од страна на навивачите на Арсенал.

Ван Перси постигна 132 гола во 281 меч одигран за Арсенал, а Јунајтед за него летово плати 24 милиони фунти.

Важно е да одиграме добро и да дојдеме до поволен резултат. Што се однесува до Робин, не сум воопшто изненаден од неговиот придонес во Јунајед. Има толку многу добри фудбалери околу себе, а секогаш одлично се снаоѓал во шеснаесетникот. Навистина е еден од најефикасните напаѓачи, знае да ја искористи секоја прилика – изјави Венгер.

Натпреварот Манчестер Јунајтед и Арсенал започнува со почеток од 13:45 часот.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска