Вацке: Бундеслигата ќе пропадне ако наскоро не ја обновиме сезоната

Од:

Главниот извршен директор на Борусија Дортмунд, Јоаким Вацке направи мрачно предвидување за иднината на Бундеслигата, доколку натпреварите не продолжат наскоро.

Тој изјави дека повеќето тимови нема да истраат долго во тековната состојба и работите нема да бидат исти ако се продолжи сегашната состојба.

Тој е еден од поддржувачите на идејата за брзо рестартирање на првенството.

На клубовите во Германија веќе им е дозволено да тренираат и се надеваат дека ќе продолжат со судирите на 9 мај, но тоа е малку веројатно.

Властите се очекува да разговараат за ситуацијата и следната недела ќе биде јасно кога фудбалот ќе се врати во Германија, иако без публика.

– Ако не играме во наредните неколку месеци, Бундеслигата ќе пропадне. И, тогаш нема да може да се врати и да биде на начинот на кој сме навикнати. Секако, знам дека многу фанови велат дека нема да има стадионска атмосфера, ако тие се празни. Тоа е апсолутно јасно. Но, ова е за зачувување на фудбалот. До крајот на сезоната во Бундеслигата остануваат уште девет кола. Доколку се одиграат, клубовите ќе добијат околу 300 милиони евра од телевизиски права, додава Вацке.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска