Уште една победа за Мајнц и Новески

Од:

Екипата за која настапува македонскиот репрезентативец Николче Новески, Мајнц синоќа со 2:1 го совлада Нирнберг и остана во горниот дел на табелата во Бундес лигата. Македонскиот репрезентативец го одигра целиот натпревар и асистираше при постигнувањето на првиот гол за неговата екипа.

Стрелци за Мајнц беа Николај Милер и Андреас Иваншич, а Јорген Нилсен пред крајот на првото полувреме го постави конечниот резултат.

Другите дуели од 11.коло во Германскиот фудбалски шампионат се играат во текот на викендот.

Двојките за денеска се: Фортуна – Хофенхајм, Фрајбург – Хамбургер, Аугсбург – Борусија Дортмунд, Баерн – Ајнтрахт, Шалке – Вердер.

Утре играат: Волфсбург – Баер Леверкузен, Гројтер Фурт – Борусија Менхенгладбах и Штутгарт – Хановер.

Табела: Баерн 27 бодови, Шалке 20, Ајнтрахт 20, Баер Леверкузен 18, Мајнц 17, Борусија Дортмунд 16,…

 

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска