Актуелниот шампион на Германија, Баерн уште еднаш го демонстрира својот квалитет, совладувајќи го третопласираниот Аугсбург со убедливи 4:0.
На средбата од 15. коло во Бундес лигата одиграна попладнево, Баерн до убедливиот триумф стигна со головите на: Мехди Бенита (58-минута), Ариен Робен, кој постигна два гола (59 и 71) и Робер Левандовски (68).
Покрај овој меч попладнево се одиграа и средбите: Фрајбург – Хамбургер 0:0, Херта – Борусија Дортмунд 1:0, Шалке – Келн 1:2 и Вердер– Хановер 3:3.
Вчера, Хофенхај го совлада Ајнтрахт со 3:2, а утре ќе се одиграат преостанатите два натпревари, Баер Леверкузен – Борусија Менхенгладбах и Волфсбург – Падерборн.
Табела: Баерн Минхен 39 бодови, Волфсбург 29 (-1 натпревар помалку), Аугсбург 24, Баер Леверкузен 23 (-1), Борусија Менхенгладбах 23 (-1), Шалке 23, Хофенхајм 23, Ајнтрахт 21….