Уште девет слободни места за Светското првенство во Русија 2018

Од:

Вкупно 23 репрезентации досега имаат изборено пласман на Светското првенство што следната година од 14 јуни до 15 јули ќе се одржи во Русија. За другите девет слободни места ќе бидат одиграни четири бараж дуели во европската зона, како и два интерконтинентални баражи и последното коло по групи од африканската зона.

Осум европски селекции ќе одиграат бараж дуели, а тоа го изборија второпласираните селекции во групите со исклучок на Словачка. Двојките за баражите ќе бидат извлечени на 17 октомври во Цирих, а ден претходно ФИФА ќе ги подели осумте репрезентации во два стаклени сада. Пласман во баражот обезбедија: Хрватска, Данска, Грција, Италија, Северна Ирска, Република Ирска, Шведска и Швајцарија.

Во двата интерконтинентални бараж дуели ќе играат: Нов Зеланд (победник на зоната Океанија) против Перу (петтопласирана селекција од Јужна Америка) и Хондурас (четвртопласирана селекција од КОНКАКАФ зона) и Австралија (победник на азискиот бараж).

Трите преостанати места ќе се пополнат со трите првопласирани селекции од групите од африканската зона.

Бараж натпреварите ќе се играат во периодот од 6 до 14 ноември.

Пласман на Мундијалот имаат обезбедено: Русија (домаќин), Бразил, Уругвај, Аргентина, Колумбија (Јужна Америка), Иран, Јапонија, Јужна Кореја, Саудиска Арабија (Азија), Мексико, Костарика, Панама (КОНКАКАФ), Белгија, Германија, Англија, Шпанија, Франција, Полска, Исланд, Србија, Португалија (Европа), Нигерија и Египет (Африка).

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он