Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска организираше прием за спортската делегација која го истрча ултра маратонот „Тоше Проески“.
Наумче Капрически во името на маратонците и фановите на Тоше во чест на благодарност на Агенцијата за млади и спорт, му подари плакета на директорот Спасески за поддршката што АМС ја дава за ултра маратонот кој по седми пат се оддржа од Нова Градишка до родното место на Тоше, Крушево.
Спасески ги поздрави маратонците и истакна дека Агенцијата за млади и спорт нема никогаш да го заборави ликот и делото на легендарниот македонски пејач.
– Агенцијата за млади и спорт беше и остана горда на Тоше Проески. Делата што Тоше ги правеше никогаш нема да бидат заборавени. Му благодариме на Тоше што ни ја остави спортската химна „Македонија Навива за Вас” со што придонесе секогаш кога ќе ја слушнеме спортската химна на спортските терени, да ја бодриме Македонија и да се сеќаваме на нашиот Тоше, заврши Спасески.