Ули Хенес: Барселона е практично уништена, во Германија веќе ќе банкротираше

Од:

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес ги сподели своите ставови за финансиската состојба во Барселона.

– Барселона е практично уништена! Ако случајот беше во Германија, тогаш веќе ќе беше банкротиран, и соодветниот суд ќе се занимаваше со тоа. Барселона повеќе не е пример за нас. Давид Алаба еднаш ми рече: „Сè уште сонувам да играм за Барселона“.

Јас му одговорив: „Со кого сакаш да преговараш? Со претседателот или со стечајниот управник?” И јас се залагам за одење до крај, меѓутоа во моментот кога сето ова повеќе не е можно да се рефинансира, треба да кажете НЕ, изјави Хенес.

Барселона која се соочува со тешка финансиска криза, има проблеми и со спонзорите кои почнаа да ги прекинуваат договорите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска