Украина побара ФИФА да го исфрли Иран од СП

Од:

Извршниот комитет на Фудбалската федерација на Украина официјално побара од ФИФА да го исфрли Иран од Светското првенство во Катар, пренесува „Скај спортс“. Претходните денови имаше повици од Украина, Иран да биде исклучен од мундијалот поради политичката ситуација во таа земја, како и за поддршката што ѝ ја дава на Русија во војната во Украина. Се поставува прашањето како ФИФА ќе реагира на таквите поплаки и како тие ќе се однесуваат во врска со ова прашање бидејќи турнирот почнува на 20 ноември.

Претходно, директорот на Шахтјор Донецк, Сергеј Палкин, ги нападна Иранците и се обрати до ФИФА затоа што „имаа директно учество во терористичките напади на Украина“ (ирански беспилотни летала користи Русија). Единствената разлика е што овој пат ФС на Украина не побара да го заменат Иран, како што тоа го направи директорот на Шахтјор.

Ако ФИФА му забрани на Иран да учествува на СП, Украина тешко дека ќе биде нивна замена. Во тој случај ФИФА би видела дека репрезентативниот тим од Азија ќе добие предност, па Обединетите Арапски Емирати би биле најблиску до нивното место во Катар.

Иран во Катар е во Б-групата заедно со САД, Англија и Велс.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ

Човек без средно образование ја победи ФИФА: Му го украдоа изумот, на дофат 37 милиони евра отштета

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година