УЕФА на Белгија може да и ја одземе организацијата на на ЕП 2020

Од:

Белгиската фудбалска федерација може да ја загуби организацијата на ЕУРО 2020, откако изградбата на новиот стадион во главниот град Брисел беше забавена поради административни причини. Тие се поврзани со животната средина и Белгијците се уште чекаат повеќе дозволи, состојба која може да не и се допадне на УЕФА.

– Се уште веруваме дека ќе се справиме со ново настаната ситуација. Сепак не зависи се од нас. Ние како федерација, немаме такви надлежности, изјави Коен де Брабандер, генералниот секретар на Белгиската фудбалска федерација.

Тој додаде дека локалните власти следните пет месеци ќе ги разгледаат предлозите за олеснувања околу дозволите за градба, а потоа ќе бидат потребни од 12 до 18 месеци за стадионот да биде завршен.

Де Брабандер додаде дека минатата недела претставниците на федерацијата остварија средба со Европската фудбалска федерација (УЕФА) каде се разговараше за подготовките и напредокот околу организацијата на шампионатот.

Белгија ја има една од најдобрите репрезентации во својата историја и очекува да атакува на трофејот на шампионатот кој треба да го игра во својата земја.

Континенталното фудбалско првенство во 2020 година ќе се игра во 13 града ширум Европа, меѓу нив е и белгиската престолнина Брисел.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана