УЕФА ја намали казната на ЦСКА

Од:

Комисијата за жалби при Европската фудбалска унија (УЕФА) делумно ја усвои жалбата на ЦСКА Москва која се однесуваше на санкциите поради дивеењето на нејзините навивачи на натпреварот од Лигата на шампионите со Рома во Рим.

Казната на рускиот клуб е намалена од три на два натпревара без публика, додека третиот натпревар пред празни трибини е заменет со условна казна на пет години.

Исто така намален е и паричниот износ кој ЦСКА Москва требаше да го плати како казна. Сумата од 200 илјади евра е преполовена на 100 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана