УЕФА ја казни Албанија

Од:

Дисциплинската комисија на Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го казни Фудбалскиот сојуз на Албaнија поради однесувањето на навивачите на првиот натпревар на ЕУРО.

Во првиот натпревар од групата Б, Албанците загубија од Италија со 2:1, а пред и за време на натпреварот нивните симпатизери направија инциденти.

Албанските навивачи фрлаа предмети на теренот на стадионот, запалија факели, а еден од симпатизерите истрча на теренот, имаше и провокативни пораки, па УЕФА го казни локалното здружение со вкупно 37.375 евра.

Албанија доби казна од 10.000 евра за палење огномети, 12.375 евра за фрлање предмети, 5.000 евра за навлегување навивачи на теренот и 10.000 евра за емитување недолични пораки.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност