Фудбалскиот шампион на Албанија, тимот на Скендербег доби едногодишна суспензија од страна на УЕФА поради местење на натпревари.
За едногодишното отстранување од европските натпреварувања, Скендербег преку соопштение изрази негодување и оцена дека казната од Европската куќа на фудбалот е неправедна најавувајќи жалба.
– Убедени сме дека правата кои УЕФА ни ги одзеде ќе ни бидат вратени од страна на Спортскиот суд за арбитража, стои во соопштението од албанскиот шампиони.
Покрај Скендербег, на „тапет“ кај УЕФА се уште други екипи за кои се има сознанија за местење натпревари.