Дебар го почна одбележувањето на 550-годишнината од смртта на Скендербег

Од:

Во Дебар денеска започнаа активностите за одбележување на 550 годишнината од смрта на Скендербег. Преседатеклот на Советот на општината, Башким Машкули заедно со членови на Советот и преставници на здруженија, положи свежо цвеке на споменикот на Скендербег кој се наоѓа во центарот на градот и притоа ја соопшти програмата за одбележување на 550 годишнината од смртта на Скендербег.

„Општината Дебар има посебна програма со која ќе се одбележи 550 годишнината од смртта на албанскиот народен херој Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег“ рече Машкули.

„Во текот на оваа календарска година сите активности кои ќе се реализираат во општината, ќе бидат под знакот на оваа годишнина“ истакна Машкули и додаде дека локалните власти, образовните и културните институции во Дебар ќе организиараат бројни активности посветени на Скендербег.

Би можело да ве интересира

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Деветгодишниот Павел Ангеловски вторпат го фати светиот крст во Дебар

А1он

Кривична за родители: Ги запуштиле своите малолетни деца и ги терале да питачат

Дебранец вработен во поштата во Центар Жупа си присвоил над три милиони денари