(ВИДЕО) Ахмети: Охридскиот договор е во духот на Скендербег

Од:

Со интонирање на албанската химна, министрите Албанци и функционери на ДУИ положија венци со цвеќе пред споменикот на Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег по повод 550-годишнината од смртта на албанскиот национален херој.

44511″>

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека Скендербег е национален херој на Албанците, но и на сите народи кои го сакаат мирот на Балканот.

„Скендербег е инспирација низ вековите за сите поттиснати народи и останува централна личност за оние што го посакуваат мирот.

– Денеска достоинствено и со гордост можам да кажам дека самиот Охридски договор е во духот на Скендербег, а ние го одбележуваме и покрај тоа што бројни окупатори се обидувале да избришат се од меморијата на Албанците“, рече Ахмети.

На настанот присуствуваа само функционери од редовите на ДУИ.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Илир Мета во Будимпешта откри биста на Скендербег за која плати Албанија

Жарко Настоски

Дебар го почна одбележувањето на 550-годишнината од смртта на Скендербег

Ана Ололовска

Ахмети ги почнува манифестациите со кои ќе се одбележи „Годината на Скендербег”

Ана Ололовска

УЕФА го суспендира Скендербег

Плоштадот Скендербег ќе се гради со 440 илјади евра

Емир Латифовиќ