УЕФА го казни херојот на Турција

Од:

УЕФА немаше милост кон Мерих Демирал, дефанзивецот на турската репрезентација.

Демирал беше херојот на осминафиналето против Австрија кога ги постигна двата гола за победа од 2:1.

Сепак, по мечот Демирал непримерно ја прослави победата, па поради тоа Нион доби сериозна казна – суспензија од два натпревари.

Нема да може да игра поради таканаречениот „волк поздрав“, поточно затоа што симболот на таканаречените „Сиви волци“ го направи со прстите.

Тоа е ултрадесничарско движење кое верува во супериорноста на „турската раса“ и кое се стреми да ги обедини сите турски народи во една држава, од Балканот преку Централна Азија до Кина.

Според нив, во таа империја нема место за неистомисленици.

Нема сомнеж дека челниците на ФС Турција ќе се жалат, но се чини дека тоа не помага многу.

Демирал затоа нема да може да игра во четврт-финалето во сабота на 6 јули од 21 часот против Холандија, но ниту во полуфиналето доколку Турција се пласира.

Единствена шанса за игра ќе биде доколку Турција успее да се пласира во финалето на турнирот во Германија.

Би можело да ве интересира

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Горан Наумовски

1.900 лица приведени во Турција за време на протестите против апсењето на Имамоглу

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат