УЕФА го казни Хајдук за расистичко навивање на „торцида“

Од:

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација (УЕФА) му изрече казна на сплитски Хајдук за расистичко навивање.

Хрватскиот тим, кој се пласира во третото коло од Лига Европа, дуелот против данскиот Брондби ќе го игра без присуство на публиката, односно без поддршка од своите навивачи, популарната група „Торцида“. Сплиќаните ќе треба да платат и парична казна од 55.000 евра.

Причина поради која Хајдук е казнет е расистичкото навивање на „торцида“ за време на дуелот со бугарската екипа Левски Софија.

Од страна на Хјадук веднаш најавија жалба, а како свој адут го најавуваат извештајот на делегатот на натпреварот, во кој беа пофалени за организацијата.

Реванш натпреварот против Брондби во Сплит е закажан за 3 август.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, УЕФА одлуката ја донела по пријава на организацијата ФАРЕ која се бори против расизам во фудбалот.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава

УЕФА и ФИФА загубија на суд, Суперлига може да биде формирана